петок, јуни 19, 2026
Дома СКОПСКА Општина Центар го чисти Калето

Општина Центар го чисти Калето

22

Екипите на Општина Центар веќе втор ден спроведуваат активности за собирање кабаст отпад и за расчистување поголеми количини смет на Калето, паралелно со уредување на зелените површини.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека, покрај отстранувањето на отпадот, на терен се врши и интензивно косење и одржување на јавните зелени површини.

– Акциите за собирање кабаст отпад не се ограничени само на Калето. Во тек се активности и во населбите Буњаковец, Дебар Маало, како и на улицата „Педесетта дивизија“, каде што комуналните служби работат на расчистување и на подобрување на хигиената во урбаните средини – нагласи градоначалникот.

Тој упати апел до граѓаните за поголема одговорност кон јавната хигиена, здравјето и кон просторот во кој живеат, посочувајќи дека одржувањето чиста и уредена околина е заедничка обврска на институциите и на граѓаните.

ИЗДВОЕНИ