вторник, ноември 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Претреси во Штип и Скопје поради сомнежи за незаконски манипулации со испити...

Претреси во Штип и Скопје поради сомнежи за незаконски манипулации со испити и оценки на Универзитетот „Гоце Делчев“

44

Полициски службеници од СВР Штип од утрово вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје, поради сомнежи за незаконски манипулации со испити, оценки и други административни постапки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Според неофицијалните информации пренесени од медиуми, под сомнение е поранешен или сегашен вработен на Универзитетот, кој ја извршувал функцијата раководител на ИТ-секторот.

Постојат сомнежи дека лицето подолг временски период вршело неовластени измени во универзитетскиот систем, меѓу кои внесување бодови од испити, бришење оценки и овозможување запишување семестри на студенти кои не ги исполнувале потребните услови.

Според истите информации, за овие услуги осомничениот наводно добивал паричен надомест, а најголем дел од студентите кои ги користеле биле државјани на Турција што студираат на штипскиот универзитет.

Извори тврдат дека при претресите во домот на осомничениот била пронајдена поголема сума пари.

Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за полициската акција, ниту информации дали има приведени лица. Се очекуваат дополнителни детали од надлежните институции.

ИЗДВОЕНИ