Со новиот Буџет со средствата неманети за одбраната ќе се обезбеди историски најголемото зголемување на платите на вработените во одбраната и во Армијата од 10 проценти, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој објасни дека зголемувањето ќе почне да важи од 1-ви јануари.
-На последната владина седница поминал Буџетот за 2027 година, што значи дека влегува во Собрание во процедура на усвојување. Платаите во Армијата и одбраната се зголемуваат за 10 проценти. Тоа значи историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата како што се ноќна работа, прекувремена работа, изјави министерот Мисајловски.
Според него, висината на покачувањето ќе изнесува од 4.000 до 11.000 денари, а тоа е постигнато во соработката со репрезентативните синдикати.
Врзано со најавениот протест на професионалните војници кој го најави претседателот на еден од независните синдикати на професионални војници Александар Насковски, тој рече дека секој има право да протестира.
-Демократско право е да се протестира и да се даваат максималистички барања. Но, не може се наеднаш да се реши. Имаме многу обврски, но се се исплаќа што е обврска. Не правам јас сам реформи туку заедно со синдикатите – потенцира министерот.
И претставници на репрезентативните синдикати се спротивставина на барањата за протест и наведоа дека се задоволни од новите законски решенија кои предвидуваат отпремнина и вработување во државниу служби на професионални војници постари од 45 години.
-Синдикатот кој сака да протестира има само 75 членови. Не е точно тоа што неговиот претседател Александар Насковски го тврди дека војниците ќе стануваат невработени. По 45-та година тие ќе може да засноваат работен однос во МО или во други државни институции или, пак, да земат отпремнина. Насковски земал отрпемнина од 30.000 евра и можеби ја потрошил. Не може тој своите лични проблеми да ги пренесува на ваков начин. Никој не застанува зад него – потенцира Аднан Алити, претседател на Независниот синдикат на професионални војници на Македонија.
И Синиша Станчевски од Независниот сидникат во одбраната го поздрави законското решение и покачувањето на платите.
-Ваки изгледа вистински дијалог, се радуваме на покачувањето на платите и на решението за професионалните војници постари од 45 години – рече тој. (Б.Ѓ.)












