вторник, јуни 16, 2026
Дома РАЗНО ОЈО бара притвор за осомничениот за силување дете во Гостивар – се...

ОЈО бара притвор за осомничениот за силување дете во Гостивар – се товари за две кривични дела

33

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба да се спроведе истражна постапка против скопјанец осомничен дека сторил кривично дело силување дете кое не наполнило 15 години, како и злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина.

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка против 28-годишен маж од Скопје, вработен во основно училиште, под сомнение за сторени две кривични дела врз 14-годишно девојче.

Осомничениот се терети за силување дете кое не наполнило 15 години и злоупотреба на туѓа снимка со сексуално експлицитна содржина.

Според информациите од Обвинителството, осомничениот најпрво ја навел жртвата да му испрати свои фотографии и видеа со експлицитна содржина. Потоа, користејќи ги материјалите како средство за уцена, ја принудил да се сретнат.

Детето-жртва прифатило да се сретнат и тој ја однел во куќа во околината на Гостивар, каде што извршил обљуба. За ова дело е предвидена минимална затворска казна од осум години.

Осомничениот се обидел повторно да ја уцени жртвата за нова средба во текот на овој месец. Откако девојчето одбило, тој ги објавил фотографиите и видеото на социјална мрежа, правејќи ги достапни за јавноста.

Со овој чин, тој го сторил и делото злоупотреба на туѓа снимка, кое е воведено во февруари годинава, а за кое е предвидена затворска казна од три до 10 години.

Надлежниот јавен обвинител оценил дека се исполнети сите законски услови и до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор поради ризик од бегство на осомничениот, опасност да влијае врз жртвата во текот на постапката и опасност од повторување на делото.

За случајот вчера информираа од Министерството за внатрешни работи од каде рекоа дека е приведен 29-годишен маж со иницијали Т.Б. од гостиварското село Здуње, под сомнение за тешко кривично дело кое вклучува сексуално насилство и уцена на малолетно лице.

 

ИЗДВОЕНИ