Во саботата стапи на сила забраната за увоз на руски течен природен гас (LNG) во Европската Унија (ЕУ) според краткорочни договори, со значително намалување на испораките што се очекува до следната година.
На 26 јануари, Советот на ЕУ одобри целосна забрана за снабдување со руски течен природен гас во ЕУ од 1 јануари следната година, како и забрана за увоз на гас од цевководи од 30 септември истата година, додека краткорочните договори за снабдување со гас од цевководи мора да бидат завршени до 17 јуни оваа година, објавува „Мина-бизнис“.
Според проценките на руските медиуми, минатата година Русија беше на второ место, по Соединетите Американски Држави (САД), по вредноста на извозот на течен природен гас во Европа, со учество од 16,1 процент, преенсе „Б92“.
Вкупните испораки на руски гас за Европа минатата година изнесуваа 38 милијарди кубни метри, од кои повеќе од 20 милијарди кубни метри беа течен природен гас.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека, со оглед на планот на ЕУ целосно да се откаже од рускиот гас, Русија би можела да размисли за рано излегување од европскиот пазар и да ги пренасочи испораките кон други купувачи.












