петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Одбраната го обжали притворот, власта тврди митото од 2000 евра била прва...

Одбраната го обжали притворот, власта тврди митото од 2000 евра била прва рата

Случај Богоев

289

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција изнесе сериозни обвинувања за наводен криминал и корупција поврзани со Царинската управа во времето кога со неа раководеше Стефан Богоев. Според партиските информации добиени од свиркачи, поранешниот директор на Царина ја договарал сумата за местење на јавната набавка во директна комуникација со претставник на фирмата која го добила договорот.

„Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари“

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека наводната вибер конверзација се водела со лицето Александар Спирковски – Џемо, кој ја застапувал фирмата за одржување хигиена на граничните премини и терминали и кој договорил конкретни финансиски транши.

Од владејачката партија откриваат дека Спирковски бил поранешен претседател на ОО Прилеп на СДСМ.

„ Џемо инаку е лице кое во Прилеп плаќаше луѓе за да гласаат за СДСМ, лице кое тепа сограѓани сред бел ден и за тоа не одговара. Претходно тој беше и приведен како дел од аферата со прилепската болница кога ОЈО отвори истрага за финансиското работење во болницата“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Одбраната на Богоев поднесе жалба на мерката притвор , истата според судските информации е на одговор во обвинителството, по што ќе се врати на одлучување во судот од страна на кривичниот совет.

ИЗДВОЕНИ