четврток, октомври 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА СИНОДСКА СЕДНИЦА: МПЦ-ОА со честитка до Вселенскиот патриjарх Вартоломеј за 35 години...

СИНОДСКА СЕДНИЦА: МПЦ-ОА со честитка до Вселенскиот патриjарх Вартоломеј за 35 години на патријаршискиот трон

0

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) упати честитка до Вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод 35-годишнината од неговиот избор, а испрати и телеграма со сочувство до Ерусалимскиот патријарх Теофил по терористичкиот напад врз христијани собрани на молитва во Јордан. Како што информираат од канцеларијата на Синодот, овие прашања биле разгледани на денешната редовна седница, на која била определена и делегација што ќе ја посети Руската православна црква.

Во честитката до Вселенскиот патријарх Вартоломеј, Синодот му посакува добро здравје и продолжување на неговото црковно служење.

-Молитвено му посакува добро здравје, мирни денови и уште многу години плодоносно служење на Црквата Христова – се наведува во честитката.

Синодот испрати и телеграма со сочувство до Ерусалимскиот патријарх Теофил по нападот врз христијаните собрани на молитва во Јордан.

-Молејќи Го Семилостивиот Бог, душите на починатите чеда да ги насели во живеалиштата на праведниците, на повредените да им дарува брзо исцеление, а на нивните семејства духовна утеха и крепост – се наведува во телеграмата.

На седницата била определена и делегацијата што ќе ја посети Руската православна црква. Во нејзиниот состав ќе бидат митрополитот дебарско-кичевски Георгиј и секретарот на Синодот, епископот хераклејски Климент.

На редовната седница се разговарало и за повеќе прашања поврзани со црковниот живот, воспитно-образовните институции и случувањата во помесните православни цркви. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ