Скопје и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 21 до 29 септември 2026 година ќе бидат домаќини на Европското првенство во танц – IDO European Dance Championship 2026 – настан на кој ќе учествуваат над 2 900 танчaри од 26 земји.
Организаторот на првенството, Трајче Петковски од танцовото студио „Брејк а лег“, на денешната прес-конференција, истакна дека организирањето на настан од ваков ранг е резултат на долгогодишна макотрпна работа на целата танцова заедница, децата и родителите.
-Скопје и СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат центар на танцовите збиднувања во 2026 година. Нашата цел е децата да просперираат и да се надградуваат, но и да ги донесеме странските учесници во Македонија за да ги покажеме нашиот квалитет, култура, гостопримство и традиција. Со поддршка на целокупниот тим и техничките партнери, сала „Борис Трајковски“ ќе ја претвориме од спортска арена во прекрасно театарско и танцово доживување – изјави Петковски.
Директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Даниел Апостоловски, потврди дека сите технички и просторни услови за одржување на првенството се целосно обезбедени.
-Како домаќини на овој престижен настан ги обезбедивме сите потребни услови за учесниците и за целосната организација – од климатизирани сали до деноноќна техничка поддршка. Чест ни е што Скопје и нашиот центар повторно ќе бидат домаќини на ваков гламурозен настан од светски ранг – изјави Апостоловски.
Европското првенство во танц, како што е најавено, ќе понуди богата натпреварувачка програма во повеќе танцови дисциплини и категории.








![[Интервју] Петре Арсовски – Голема ѕвезда на македонскиот филм: Со секој лик стануваш почовечен, и во добра и во лоша смисла](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/09/prva-4-218x150.jpg)



