четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Њујоршката полиција истражува подземна мистерија: Во глува доба, мажи влегуваат и излегуваат...

Њујоршката полиција истражува подземна мистерија: Во глува доба, мажи влегуваат и излегуваат од канализација, никој не знае кои се, што прават

1

Се верува дека луѓето снимени од надзорни камери во населбите низ Бруклин и Квинс бараат вредни предмети под земја, објавија американските медиуми, повикувајќи се на полициски извори

 

Полицијата во Њујорк почна истрага откако последниве недели се појавија повеќе видеа кои покажуваат групи луѓе кои влегуваат и излегуваат од канализацискиот систем на градот. Се верува дека мажите, снимени од надзорни камери во населбите низ Бруклин и Квинс, бараат вредни предмети под земја, објавија американските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, додавајќи дека останува нејасно дали зад сите снимени инциденти стои истата група.

Минатата недела, полицијата доби извештаи за неколку неидентификувани лица кои отстрануваат капаци од шахти и влегуваат во канализацискиот систем.

– Потоа лицата избегале од локацијата со непознато возило во непознат правец. Нема пријавени повредени. Нема апсења, а истрагата е во тек, изјави за Би-би-си полицијата во Њујорк.

Мажите снимени како излегуваат од канализациска шахта се „ловци на богатство“ и урбани истражувачи кои бараат вредни предмети во канализацискиот систем, изјавија полициски извори за „Си-би-ес њуз“, американскиот партнер на Би-би-си. Тие би можеле да се соочат со обвиненија за кражба доколку бидат фатени.

Безбедносните камери снимиле најмалку три случаи во кои групи луѓе, ноќе, влегуваат или излегуваат од шахти во  Бруклин и Квинс, пишува „Еј-би-си њуз“. Во едно од видеата снимено рано наутро во петокот во населбата Вилијамсбург во Бруклин, се гледа како седуммина излегуваат од шахта среде раскрсница меѓу автомобилите што минуваат. Некои носеле светилки и нешто што изгледало како лопати и други алатки. Еден човек за малку ќе бил прегазен од автомобил додека се извлекувал од шахта. Во друго видео, се гледа група од околу седуммина како излегува од под земја околу два часот наутро на тивка улица во населбата Грејвсенд во Бруклин. Тие се упатиле кон неколку паркирани автомобили и извадиле нова облека за да се пресоблечат. Полицијата вели дека групата влегла во канализацијата околу 23 часот, што значи дека можеби била под земја три часа. На 5 мај, три лица со водоотпорни чизми и друга заштитна опрема отвориле капак од шахта и се спуштиле во канализацијата на улица во Квинс. Последниот што влегол го затворил капакот додека автомобилите што се приближувале морале да застанат.

Градскиот оддел за заштита на животната средина соопшти дека се проверени канализациите на двете локации во Бруклин и потврди дека инфраструктура не е оштетена.

 

ИЗДВОЕНИ