Општина Карпош продолжува со активности за подобрување на условите и унапредување на безбедноста во основните училишта.
Во ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци и ООУ „Владо Тасевски“ во Козле, поставени се нови хидрофори, со што се подобрува функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во училишните објекти.
Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно годишната програма на Одделението за заштита и спасување.
-Во наредниот период, активностите ќе продолжат и во преостанатите осум основни училишта, со цел унапредување на хидрантско-водоводната инфраструктура – соопштија од локалната самоуправа.












