вторник, август 4, 2026
Дома СКОПСКА Еднократна парична помош за 456 онколошки пациенти

Еднократна парична помош за 456 онколошки пациенти

26

Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицирале за еднократна парична помош од Град Скопје ќе ги добијат средствата на своите сметки.

-Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна – истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека дека вкупно 1.200 пациенти побарале помош.

-Нивната документација се обработува со максимална посветеност и одговорност, а исплатата за сите кои аплицираа ќе биде завршена во текот на наредната недела – информираше Ѓорѓиевски.

 

 

ИЗДВОЕНИ