Кисела Вода, а и Скопје, добија репрезентативен спортски објект кој ќе претставува храм на спортот и расадник на спортски ѕвезди. Станува збор за спортската сала „Расадник“, која во присуство на премиерот, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, и градоначалниката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, вчера и официјално беше пуштена во употреба.
Со овој инфраструктурен проект, кој беше почнат во декември 2024 година, е извршена реконструкција на покривот, реконструкција на трибинскиот и поттрибинскиот простор, реконструкција на електриката, целосна реконструкција на фасадата, извршено е партерно уредување, поставен е под, а набавена е и спортска опрема. Според премиерот Мицкоски, условите во овој објект се навистина светски, европски, а е со капацитет за околу 1.000 гледачи. Тој додаде дека ваквите инвестиции создаваат простор за развој на младите и за поттикнување на спортскиот дух во заедницата

Кисела Вода, а и Скопје, добија репрезентативен спортски објект кој ќе претставува храм на спортот и расадник на спортски ѕвезди. Станува збор за спортската сала „Расадник“, која во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, вчера и официјално беше пуштена во употреба. Со овој инфраструктурен проект кој беше почнат во декември 2024 година извршена е реконструкција на покривот, реконструкција на трибинскиот и поттрибинскиот простор, реконструкција на електриката, целосна реконструкција на фасадата, извршено е партерно уредување, поставен е под, а набавена е и спортска опрема.
Според премиерот Мицкоски, условите во овој објект се навистина светски, европски.
– Можеби во моментот е најсовремен ваков објект, од овој карактер на ниво на цела држава. Сигурен сум дека не само младите од Кисела Вода туку и од градот Скопје, па и пошироко, ќе спортуваат, ќе се натпреваруваат, ќе другаруваат и зашто да не се изродат европски и светски мега ѕвезди коишто се најголеми амбасадори на една држава – изјави Мицкоски.
Тој додаде дека салата, е со капацитет за околу 1.000 гледачи, оти нуди услови кои се споредливи со европските и светските спортски центри, а ваквите инвестиции создаваат простор за развој на младите и за поттикнување на спортскиот дух во заедницата.
Премиерот посочи дека голем број инфраструктурни проекти влегуваат во финална фаза со доаѓањето на пролетта и летото, а оваа сала е еден од примерите за успешно реализирана иницијатива која, како што рече, ќе им служи на граѓаните со години.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека е исклучително горд на процесот.
– Од она што некогаш беше руина, направивме солиден спортски храм. Ова е уште репрезентативен објект со европски стандарди – нагласи Ристовски.
Тој додаде дека проектот бил започнат уште со претходното општинско раководство, а финализиран со актуелната локална власт, во тесна координација со Владата и со тимот задолжен за реализација.
Според него, салата претставува пример како институциите можат успешно да соработуваат, од преземање на ингеренции, преку изработка на проект, до брза и ефикасна реализација.
Скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски, наведе дека овој објект претставува исполнување на долгогодишните очекувања на многу генерации
– Скопје доби нов бисер, каде што ќе се раѓаат нови спортски легенди, а учениците ќе имаат простор каде што ќе можат да тренираат. А, што е најбитно Кисела Вода доби нов храм каде што ќе се врати ракометниот клуб „Вардар“-рече Ѓорѓиевски.
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменковска-Трајковска, истакна дека Кисела Вода ја има можноста да има голема сала опкружена со како што рече прекрасен плоштад кој многу им недостигал на граѓаните и кој ќе биде нивно ново собиралиште.
Таа заклучи дека кога се работи со здружени сили, заеднички, резултатите се видливи, а тоа се гледа токму во Кисела Вода.
Општина Кисела Вода ја доби во владение салата во 2023 година. Претходно, 20 години стоеше руинирана и запуштена.
(А. П.)












