среда, октомври 28, 2026
Дома МАГАЗИН Јужна Кореја ги казни „Гугл“ и „Епл“ со 47 милиони долари

Јужна Кореја ги казни „Гугл“ и „Епл“ со 47 милиони долари

0

Според извештаите,  компаниите „Гугл“ и „Епл“ ги принудувале локалните програмери да ги користат нивните сопствени системи за плаќање, а исто така неоправдано го одолговлекувале процесот на преглед и одобрување на апликациите.

Корејската комисија за комуникации, регулаторното тело за овој сектор, со години ги истражуваше американските технолошки гиганти поради сомневања дека прекршиле закон донесен во 2021 година.

Тој закон им забранува на операторите на продавници за апликации да ги принудуваат програмерите да користат одредени системи за плаќање.

Комисијата изрече казна од 32 милиони долари за Google и 15,5 милиони долари за Apple.
Исто така, им наложи на компаниите да им овозможат на јужнокорејските програмери користење надворешни линкови за плаќања во рамките на апликациите, како и да ги подобрат своите процедури за преглед на апликациите.

Од „Гугл“ и „Епл“ не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Според Комисијата, „Гугл“ и „Епл“ неоправдано ги насочувале програмерите кон сопствените системи за плаќање во апликациите, додека истовремено ги блокирале плаќањата извршени преку надворешни веб-страници.

Иако компаниите технички дозволувале користење на системи за плаќање од трети страни, тие им наплаќале на програмерите провизија од 26 отсто и им го оневозможувале пристапот до одредени функции кои биле достапни исклучиво во рамките на нивните сопствени системи. На тој начин, тие всушност ги принудувале програмерите да ги користат исклучиво нивните системи за плаќање.

ИЗДВОЕНИ