четврток, октомври 29, 2026
Дома СВЕТ Флавио Болсонаро пристигна во Мајами и се прогласи за избраниот претседател на...

Флавио Болсонаро пристигна во Мајами и се прогласи за избраниот претседател на Бразил/видео

28
EPA/ANDRE BORGES

Болсонаро, кој во неделата ги загуби претседателските избори од актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, тајно го напушти Бразил.

Бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро денеска изјави дека отпатувал во Соединетите Држави за да ја избегне „политизацијата на правосудниот систем во Бразил“, тврдејќи дека тој е, всушност, избраниот претседател – и покрај тоа што беше поразен на претседателските избори од актуелниот претседател на земјата, Луиз Инасио Лула да Силва.

Тој и неговото семејство пристигнаа во Мајами денеска, откако тој одби да постапи по налогот на Врховниот суд на Бразил за предавање на неговите пасоши. Во меѓувреме, американските власти соопштија дека ќе им издадат влезни визи, пренесува „Ројтерс“.

Болсонаро, кој во неделата ги загуби претседателските избори од актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, тајно го напушти Бразил по судски налог издаден во рамките на истрага за перење пари.

Луиз Инасио Лула да Силва е реизбран за претседател на Бразил, освојувајќи 51,79 отсто од гласовите во вториот круг од изборите, соопшти изборната комисија на земјата по пребројувањето на 100 отсто од гласачките ливчиња, пренесува „Танјуг“.

Во вториот круг, одржан во неделата, тој го победи десничарскиот сенатор Болсонаро, кој доби 48,21 отсто од гласовите.

ИЗДВОЕНИ