Кејот на реката Вардар добива нов лик. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека се уредува тој со нова урбана опрема.
– Поставени се нови клупи и канти за отпадоци, со што кејот станува попријатен, почист и пофункционален за сите граѓани – наведува Ѓорѓиевски.
Според скопскиот градоначалник, тоа се прави по барање на голем број жители што секој ден го користат овој простор.
Тој додаде дека истовремено продолжува редовното одржување на кејот, како и акцијата за чистење на коритото на реката Вардар на територија на Град Скопје.
Кејот на Вардар е едно од најубавите и најпосетувани места во Скопје, простор каде што илјадници скопјани секојдневно пешачат, спортуваат, се рекреираат и поминуваат време со своите семејства.












