Македонскиот пијанист со светска кариера, Симон Трпчески, вечерва ја почести публиката во Скопје со ексклузивниот концерт „Камерен музички десерт“.
Поради огромниот интерес и распродадениот вчерашен настап, нашиот виртуоз и вечерва пренесе магична енергија во преполната сала на Македонската филхармонија.
На сцената одекнуваа композициите кои на уникатен начин ја обединуваат романтичната чувствителност на Шопен и Григ со современите музички бои и контрасти на Конесон, Шахов и Шостакович.
Фото: П.Стојановски

















