Одлично ја познава македонската естрадна сцена. Со некои од нашите има и соработувано, а со некои е и добар пријател. Во Белград, во едно кабаре, настапуваше со Даниел Кајмакоски, со Елена Ристеска во рамките на групата „Регина“. – Омилени ми се и Калиопи, сестрите Тијана и Тамара. За Маја Оџаклиевска и да не објаснувам. Исто така, додека беа живи, и легендарните Есма Реџепова, Александар Сариевски, Јонче Христовски, Васка Илиева
Долгокосиот пејач Стефан Здравковиќ, попознат по уметничкото име Принц од Врање, кој и со косата и со самата појава привлекува внимание кај публика, а особено кај понежниот пол и кој ја претставуваше Србија на Евровизија во Базел, со песната „Мила“, ова лето ќе настапи на меѓународниот фестивал „Охрид-фест“, на сцената на Долни Сарај.
Има 34 години, роден е во Врање, Србија, а од 2002 живее во Белград. Беше државен првак и вицешампион на Србија во карате, затоа има мускулесто тело. Има и тетоважи, за кои вели дека му се омилени. Со музика почна да се занимава откако го формираа бендот „Шеста жица“. Свири на гитара, а во 2020 година настапи во рок-операта „Исус Христос суперстар“, како главен лик.
– Македонија е моја омилена земја, блиску ми е, во комшии, до Врање. Доаѓам често, и приватно и професионално. Со самото тоа, македонската музика мене ми е често присутна во секојдневието. Врање, југот на Србија и цела Македонија, за мене, имаат музика за душа, со мерак и емоции. Мојот татко многу ја сакаше песната „Зајди, зајди“, па таа љубов ја пренесе и на мене. Потекнувам од музичко семејство. Мајка ми, исто така, пее, а брат ми и пее и свири на гитара.
Инаку, секогаш истакнувам дека сум голем обожавател на Тоше Проески, кој ми е, на некој начин, музички идол, пример за траен успех на естрадата – раскажува Стефан.
Неговиот настап на „Охрид-фест 2026“ нема да значи дека првпат ќе биде во балканскиот Ерусалим.

– И порано доаѓав во Охрид. Тоа е еден од моите омилени градови. Пред неколку години, ја дочекав Нова година во Охрид, така што познат ми е градот. Преубав град со љубезни луѓе.
Долгата коса, која ја има повеќе од пет години, на некој начин е негов знак на препознатливост. Благодарение на косата, тој доби покана најпрво за кастинг за рок-операта „Исус Христос суперстар“. Го одбраа за главната улога.
– Оттогаш не ми паѓа на ум да ја скратам косата, туку едноставно се појавувам онаков каков што сум, со мојата специфично долга коса. Тешка е за одржување, но ми претставува задоволство.
– А, што е со тетоважите и тие ти се исто таква радост?
0 Веројатно. Имам осум тетоважи. Кога започнав да се тетовирам, идејата ми беше да не се гледаат кога ќе се соблечам на плажа. Но, желбата за тетовирање на целото тело беше силна, така што немам зошто да се кријам. Во мода се тетоважите, а тетовираните момци се привлечни за девојките. Сигурен сум во тоа.
Стефан е вљубен и во каратето. Тој спорт го исполнува. – Со каратето израснав како дете во Врање. Потоа бев првак на Србија, втор на Балканот, носам црн појас и навистина сум опасен (се смее).
Тој одлично ја познава македонската естрадна сцена. Со некои од нашите има и соработувано, а со некои е и добар пријател. Во Белград, во едно кабаре, настапуваше со Даниел Кајмакоски, со Елена Ристеска во рамките на групата „Регина“.
– Омилени ми се и Калиопи, сестрите Тијана и Тамара. За Маја Оџаклиевска и да не објаснувам. Исто така, додека беа живи, и легендарните Есма Реџепова, Александар Сариевски, Јонче Христовски, Васка Илиева. Вљубен сум во македонската песна до небо.
За крај, Принц од Врање ја откри и својата неостварена музичка желба.

– На поминување низ Скопје, накај Охрид, ја посетив арената „Борис Трајковски“ во која имаа концерти големите музички ѕвезди – од Здравко Чолиќ, па сè до Пласиго Доминго. Иако сум скромно момче по природа, сепак, силно посакувам и јас да одржам концерт во таа арена. Не барам многу, нели?
(Д. М.) фото: архива-ФБ-Инстаграм-Јутјуб












