Општина Ѓорче Петров продолжува со вложувања во младите и во нивниот спортски развој.
На фудбалското игралиште во ООУ „Страшо Пинџур“ е изградена нова трибина во должина од 15 метри, со што се создадени поквалитетни услови за следење на натпреварите и поддршка на учениците спортисти.
– Воедно, има поголем капацитет за публика и на тој начин е подобрена организацијата на спортските настани, но претставува и мотивација младите да се занимаваат со спорт – соопштија од Општина Ѓорче Петров.
Оттаму додаваат дека со секоја инвестиција во спортската инфраструктура, се вложува во здравјето, енергијата и во иднината на нашите генерации.



![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)








