сабота, октомври 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почина Бранко Радовановиќ, новинар кој остави белег во македонскиот медиумски простор

Почина Бранко Радовановиќ, новинар кој остави белег во македонскиот медиумски простор

59
Foto: Printscreen/YouTube

Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, една од легендите на македонското новинарство.

Зад себе остави спомени, професионална трага и многу приказни што ќе продолжат да се раскажуваат. Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент и по дипломирањето работејќи за „Вечерње новости“ и како надворешен соработник во „Нова Македонија“.

Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција. Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ.

Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ, а инаку е и автор на сценариото на документарната програма „Вчера беше денес”, што беше емитувана на МТВ.

Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција.

Во 1994 година го доби признанието „Кристе Мисирков“.

Бранислав Бранко Радовановиќ беше член на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.

Беше дел од јавните дебати за иднината на македонското новинарство, за улогата на медиумите во општеството и за потребата од професионално и одговорно информирање. Имаше свој стил, свој начин на размислување и своја препознатлива комуникација. Знаеше да насмее, да забавува, но и да отвори сериозна тема кога тоа беше потребно.Со неговото заминување, македонското новинарство губи уште еден човек од генерацијата која остави свој белег во медиумскиот живот во земјава.

ИЗДВОЕНИ