петок, септември 18, 2026
Дома СКОПСКА Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“ во Центар

Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“ во Центар

30

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин” се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

– Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека станува збор за ѕид кој бил стар 25 години, а кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

– И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј“, следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов” – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

ИЗДВОЕНИ