Општина Аеродром ја почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“.
Од Општината соопштија дека реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри.
– Паралелно ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од 994 квадратни метри – информираат од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека по отстранувањето на стариот асфалт, на двете улици ќе се изврши замена на тампонскиот слој со дебелина од 30 сантиметри, со што ќе се обезбеди поквалитетна, побезбедна и подолготрајна патна инфраструктура.
Овие активности се дел од проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром.












