– Проектот опфаќа препокривање на покривот и куполите, демонтажа на целосната покривна хидроизолација, како и расчистување на сите опожарени елементи и делови од покривот, поставување нова хидроизолација на покривот и статичко зајакнување на просторот под куполите и целокупниот покривен простор – информираат од Министерството за култура и туризам, нагласувајќи дека со реализацијата на овој проект ќе се спречи натамошно оштетување од атмосферските води.

Притоа, додаваат дека очекуваат брзо решение, со што Конзерваторскиот центар – Скопје би почнал со реализацијата. Што се однесува на целосното уредување на шалтер салата, од Министерството за култура и туризам нагласуваат дека е потребно да се дефинираат намената и сопственоста за да може да се изработи проект за конзерваторско-рестарваторски работи на ентериерот, за што, како што велат, се одговорни други институции

 

Проектот за конзервирање и реставрирање на покривот на Шалтер салата од споменичната целина Нова Пошта е завршен и наскоро би почнала неговата реализација.

Од Министерството за култура и туризам велат дека е добиено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство и оти во овој момент се врши усогласување во Министерството за транспорт и врски за постапката врз база на која ќе се реализира овој проект.

– Проектот опфаќа препокривање на покривот и куполите, демонтажа на целосната покривна хидроизолација, како и расчистување на сите опожарени елементи и делови од покривот, поставување нова хидроизолација на покривот и статичко зајакнување на просторот под куполите и целокупниот покривен простор – информираат од Министерството за култура и туризам, нагласувајќи дека со реализацијата на овој проект ќе се спречи натамошно оштетување од атмосферските води.

Притоа, додаваат дека очекуваат брзо решение, со што Конзерваторскиот центар – Скопје би почнал со реализацијата.

Според надлежното министерство, реализацијата на овој фазен проект, согласно со предмер пресметката, чини 16 милиони денари и тие се обезбедуваат од буџетот на Министерството.

Проектот е изработен од Градежниот факултет и од Конзерваторскиот центар.

Што се однесува на целосното уредување на Шалтер салата, од Министерството за култура и туризам нагласуваат дека е потребно да се дефинираат намената и сопственоста за да може да се изработи проект за конзерваторско- рестарваторски работи на ентериерот, за што, како што велат, се одговорни други институции.

Зградата на централната пошта во Скопје во 2021 година се најде на листата со седум најзагрозени споменици во Европа. Листата на најзагрозени споменици ја составуваат „Европа ностра“ и Европската инвестициска банка. Уште тогаш тие објавија дека секој од загрозените споменици на листата ќе добие по 10.000 евра грант за активност што ќе придонесе за зачувување. Во меѓувреме, имаше неколку иницијативи за обнова.

Целиот комплекс на Пошта, на кејот на Вардар во строгиот центар на Скопје, претставува вредно архитектонско дело на познатиот македонски и југословенски архитект Јанко Константинов (1926-2010). Објектот претрпи голем пожар во 2013 година и како последица на тоа, оригиналната површина на куполата и фреските од Борко Лазески, како и опремата и осветлувањето, беа целосно уништени.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ