Нова фитнес-зона на отворено – современ калистеника парк се поставува во рамки на спортскиот центар „Бранители“. Ова на „Фејсбук“ го обелодени градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Тој информираше дека оваа фитнес-зона ќе биде наменета за сите генерации, за рекреација, спорт и здрави навики.
– Ова е уште еден чекор во целосното заокружување на просторот, каде веќе ги имаме реконструирано: фудбалското и кошаркарското игралиште, теренот за сервис, како и тартан подлогата – нагласуваат од Општина Ѓорче Петров.



![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)








