понеделник, јуни 15, 2026
Дома СКОПСКА Се санираат игралиштата, системите за полевање и урбаната опрема

Се санираат игралиштата, системите за полевање и урбаната опрема

17

Во Општина Аеродром, во текот на минатата недела, интензивно се работело на санација на детските и на спортските игралишта низ општината, со цел тие да бидат безбедни, функционални и подготвени за секојдневна употреба од најмладите и љубителите на спортот.

Од Општина Аеродром велат дека активно се работи на терен за поубаво, побезбедно и поуредено секојдневие за сите граѓани.

– Во тек е санација и ставање во функција на сите системи за полевање што се во надлежност на Општина Аеродром, со што обезбедуваме редовно одржување на зелените површини и зачувување на урбаното зеленило во летниот период – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека паралелно се врши санација и поставување нова урбана опрема, со што дополнително се подобрува изгледот и функционалноста на јавниот простор.

Воедно, екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен и континуирано работат на чистење на јавните површини, косење на тревата, поткастрување на гранките и одржување на парковите и зеленилото. Во тек е и големата пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад, со која се придонесува за почиста и поуредена животна средина.

 

ИЗДВОЕНИ