понеделник, јуни 15, 2026
Дома МАГАЗИН Петар Саркањац со концерт на 21 јуни, во Сули ан

Петар Саркањац со концерт на 21 јуни, во Сули ан

12

Младиот македонски музичар и композитор, Петар Саркањац, на 21 јуни со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт во Сули ан во Скопје, каде што пред домашната публика ќе го претстави својот деби-албум насловен „Conference of Grammars“.

Саркањац, композитор дипломиран на Беркли во Бостон, Масачусец, со овој проект носи светски и мултикултурен дух. Неговите авторски композиции се напишани на дури пет јазици: македонски, англиски, шпански, португалски и турски.

Неговата музика претставува уникатен спој на неспојливи жанрови на изглед – во неа има силни примеси на самба, фадо, џент (модерен прогресивен метал) и традиционален фолк, но сите овие елементи се специфично аранжирани за жичен квинтет.

На претстојниот концерт во Скопје, покрај Саркањац, ќе настапат и одлични вокалисти, како и жичен квинтет составен од докажани професионалци, членови на Националната опера и балет (НОБ) и на Македонската филхармонија.

Веќе денес, на 15 јуни, ќе биде објавен и првиот официјален сингл од албумот, на кој како специјален гостин се појавува нашата позната вокалистка и музичарка, Андријана Јаневска.

ИЗДВОЕНИ