Песната е „заразна“, се пее уште при првото слушање, а тоа е најважното нешто. За да ја доживеете песната максимално, важен е и дрес-кодот. Да сте облечени во бело, бела маица, бели панталони, бели патики и, по желба, да имате и интимно бело здолниште
По завршувањето на спектакуларниот скопски концерт на Јован Јованов и на Елвир Мекиќ, македонската естрадна сцена од завчера е побогата со уште една нова, возбудлива песна, која ги има сите елемeнти да стане најпрво летен хит, а потоа и да остане да се слуша насекаде, во есен и во зима. Песната е со наслов „Делириум“, со што симболично се опишува ситуацијата што ја создаваат младите додека се забавуваат со музиката на Пајак (Христијан Настески).
„Делириум“ е, всушност, само увертира за журките на отворено во текот на жешкото лето. По огромен број на предходните негови песни (Москва, Рескирај, Проклет град, Психо, Срце…..). Оваа песна е работена со добропознатиот тим, кој допрва ќе работи и на целиот албум на Пајак. Како автори се јавуваат самиот Пајак, Јован Јованов, Иван Јованов, Таско и Елвир Мекиќ. Видеото за песната се снимаше на локации близу Скопје, а е во режија на Гордан Божиновски.
– По оној концерт во „Борис Трајковски“, Пајак ја изненадува својата публика со неколку нови песни. Првата е оваа, „Делириум“. Луѓето се воодушевени. Песната е „заразна“, се пее уште при првото слушање, а тоа е најважното нешто – вели Јован.
За потсетување е дека на неодамнешниот скопски концерт, публиката беше најсреќна кога излезе Пајак на сцената. Тоа е доказ дека е популарен, најмногу кај тинејџерките, кои едноставно „одлепија“ по него. Со „Делириум“ ќе биде уште пожешко, затоа што за да ја доживеете песната максимално, важен е и дрес-кодот. Да сте облечени во бело, бела маица, бели панталони, бели патики и, по желба, да имате и интимно бело здолниште. Само во таков „филм“ се слуша и се ужива во оваа песна. Со тоа, летните тераси, плажи, дискотеки на отворено се веќе во делириум за одлична оригинална забава. И по неколку пати навечер се бара оваа песна со Пајак, која ја крева температурата, верувале или не. (Д. М.)












