понеделник, јуни 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Запалени две возила кај Амбасадата на Бугарија во Скопје

Запалени две возила кај Амбасадата на Бугарија во Скопје

169

Два автомобила се запалени кај Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Од скопската Противпожарна бригада велат дека по брзата интервенција огнот е изгаснат. „Дојавата е добиена во 12.10 часот дека опожарени се две патнички возила. Интевенираа тројца пожарникари со едно противпожарно возило, пожарот е целосно изгаснат за половина час и нема штета на околните објекти“ вели за весникот Вечер, Звонко Томевски, командант на скопската Противпожарна бригада.

Запалени се автомобили од марките „киа“ и „сузуки“ со дипломатски регистарски таблички. Полицијата и по интервенцијата на пожарната го обезбедува теренот, се собираат траги од терен со цел да се испитаат причините за пожарот, а се разговара со вработените во амбасадата. Од полицијата засега не откриваат детали, само дека се трага по сторителот.

 

ИЗДВОЕНИ