Улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба, за првпат се реконструира.
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски информираше дека ќе се постават околу 4.000 квадратни метри нов асфалт, за како што кажа, полесно да се стигне дома, но и побезбедно да се оди на работа и на училиште.
Воедно, ќе биде поставено ново детско катче, а целосно ќе биде реконструиран и спортскиот терен.
-Децата ќе имаат каде да трчаат, да играат фудбал, да се дружат и да создаваат убави спомени од своето маало. Ни побараа уредена автобуска постојка, сега веќе ја имаат – истакна Ѓорѓиевски.












