Како што истакна главниот ментор, Јаков Спироски, оваа година Олимпијадата има цел да одговори на актуелен глобален предизвик. – Преку натпреварот, учениците имаат задача на симболичен начин да го решаваат проблемот со дивите пожари, користејќи ја роботиката. Роботот што го конструираат треба да извршува мисии на терен што симулираат гаснење пожари, спасување ресурси и справување со оваа природна катастрофа – објасни Спировски.

Олимпијадата по роботика „Фрст глобал челинџ“ секоја година ги обединува младите луѓе од над 190 држави во светот и ја промовира меѓународната соработка преку науката и технологијата

Македонскиот национален тим интензивно се подготвува за најголемата олимпијада по роботика. Тимот ќе ја претставува Македонија на „Фрст глобал челинџ“,  што ќе се одржи од 7 до 10 октомври, во Инчеон, Јужна Кореја. Тимот што ќе ја претставува Македонија годинава се состои од Јаков Спировски и Давид Маневски (ментори) и од седуммина средношколци од различни средни училишта: Бодан Николов од ПСУ QSI; Димитриј Митковски од СУГС „Георги Димитров“; Марија Стојчевска од СУГС „Орце Николов“; Филип Милковски од СУГС „Владо Тасевски“; Даниел Христовски од ПСУ „Јахја Кемал“; Марко Јанкуловски од СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“ и Тимотеј Николовски од СЕТУГС „Михајло Пупин“.

Како што истакна главниот ментор, Јаков Спироски, оваа година Олимпијадата има цел да одговори на актуелен глобален предизвик.

– Преку натпреварот, учениците имаат задача на симболичен начин да го решаваат проблемот со дивите пожари, користејќи ја роботиката. Роботот што го конструираат треба да извршува мисии на теренот што симулираат гаснење пожари, спасување ресурси и справување со оваа природна катастрофа – објасни Спировски.

Тој додаде дека почетоците на националниот тим датираат од 2019 година и оттогаш, како што вели тој, континуирано се развива преку колективниот труд на генерации млади таленти.

– Во 2022 година, тимот оствари значаен резултат, освојувајќи го бронзениот медал во конкуренција од над 190 држави. Континуитетот на добрата работа беше потврден и минатата година, на Олимпијадата во Панама, каде што беа наградени македонските претставници со две меѓународни признанија – информираше Спировски. 

Тој потенцира дека тимот е подготвен да ја претстави нашата држава на најголемата светска сцена, докажувајќи дека македонските млади иноватори имаат знаење, визија и капацитет, рамо до рамо со најдобрите во светот, да креираат решенија за подобра иднина.

Инаку, „Фрст глобал челинџ“ секоја година ги обединува младите луѓе од над 190 држави во светот. Оваа олимпијада ја промовира меѓународната соработка преку науката и технологијата. Преку заедничко решавање на реалните проблеми, учесниците учат како да ги користат своите вештини за градење соработка помеѓу различните нации, со фокус на тоа дека глобалните проблеми бараат заеднички решенија.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ