сабота, септември 12, 2026
Дома МАГАЗИН Нешвил доби хотел и музеј посветени на Доли Партон/видео

Нешвил доби хотел и музеј посветени на Доли Партон/видео

0
Фото: EPA/WILL OLIVER *** Local Caption *** 56614197

Хотелите „SongTeller“ со 245 соби и музејот „Dolly’s Life of Many Colors“ се наоѓаат во срцето на Нешвил – познат како „Музички град“ (Music City) – пренесува „Еуроњуз“.

Хотелите се замислени како „љубовно писмо“ од Доли до Нешвил, при што нејзината музичка кариера и препознатлив стил се одразени во собите за гости и во заедничките простории. Хотелот располага и со два простори за настапи, наменети за претставување на нови уметници и кантавтори.

Музејот, кој го зафаќа целиот трет кат од хотелот, се простира на површина од околу 1.860 квадратни метри и го прикажува животниот пат на Доли Партон – од нејзиното детство во планините на Тенеси до светската слава.

Посетителите ќе можат да видат реконструкција на нејзиниот дом од детството, интерактивни експонати, лични приказни и предмети од нејзината колекција.

Доли Партон почина на 25 август на 80-годишна возраст.

Во текот на кариерата долга седум децении, таа продаде повеќе од 100 милиони носачи на звук; меѓу нејзините најпознати песни се „I Will Always Love You“, „Jolene“ и „9 to 5“, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ