Иако има 40 години, сè уште го бараат Таџ Гибсон во НБА-лигата. Тој потпиша договор со тимот на Мемфис до крајот на следната сезона. Иако немаше клуб од почетокот на оваа сезона и многумина мислеа дека е завршена неговата кариера, сепак, ќе го гледаме уште некое време.
Гибсон беше избран од Чикаго во 2009 година, како 26. пик и сега ќе биде еден од ретките од таа класа во лигата. Тука се Џејмс Харден, Стеф Кари, Демар де Розан и Џру Холидеј. Ова ќе биде 17. НБА-сезона за Гибсон, кој минатата сезона играше на 37 натпревари за Шарлот хорнетс и имаше просек од 2,9 поени и 3,2 скока. Тој сега е 35. играч што игра во НБА по својот 40. роденден.











