Во тек се градежните активности за целосна реконструкција на атмосферскиот канал „Црн Канал“, на потегот од улица „Малешевска 1“ до Мала Рада, во КО Драчево 2.
Според градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска информираше дека градежните работи на терен се одвиваат според предвиденото темпо, при што се завршени 50 отсо од работите во првата фаза.
-Активно се работи на санирање на бетонското корито долж целиот канал, а на потегот до мостот „Киро Фетак“ се поставуваат бетонски блокови кои ќе бидат стабилна основа за нова пешачка патека врз самиот канал. Со оваа инвестиција, со поддршка од Владата, директно го подигнуваме нивото на безбедност и функционалност на инфраструктурата во Драчево и создаваме услови за посигурна и поквалитетна животна средина за сите жители – изјави – Стаменкоска Трајкоска.
Од Општина Кисела Вода информираат дека станува збор за клучен инфраструктурен проект, што ќе овозможи поквалитетен систем за атмосферски води и ефикасна превенција од поплави.
Проектот се реализира во рамки на Унгарскиот кредит – Проекти фаза 2, како дел од програмата на Владата на Република Македонија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.












