понеделник, септември 14, 2026
Дома СПОРТ Јунајтед подготвува нешто што не е видено во светот на фудбалот досега

Јунајтед подготвува нешто што не е видено во светот на фудбалот досега

0
EPA/ADAM VAUGHAN

Манчестер јунајтед е во процес на реструктуирање на тимот, а во следниот летен преоден рок, овој процес треба да биде завршен.

„Црвените ѓаволи“ беа активни во неодамна завршениот преоден рок, но раководството на клубот веќе прави планови за следните лето и зима, во кои ќе биде потешко да се доведат квалитетни засилувања.

Англиските медиуми пишуваат дека Јунајтед ќе се фокусира на зајакнување на одбранбената линија, која планира целосно да ја обнови.

Имињата сè уште не се споменуваат, но медиумите на островот пишуваат дека планот на Јунајтед е да донесе двајца централни бекови и двајца крилни бекови, но конечната одлука ќе зависи од моменталната одбранбена линија и нивните перформанси во тековната сезона.

Со други зборови, моменталната одбранбена линија ќе има една година да ги убеди менаџерот и челниците дека заслужуваат да го носат дресот на трофејниот клуб.

Зајакнувањето на бековската линија ќе го заокружи проектот за реструктуирање на тимот, со оглед на тоа што Јунајтед веќе инвестираше огромни суми пари во зајакнување на средниот ред и напаѓачката линија.

Островските медиуми пишуваат дека вкупните трошоци за реструктуирање на тимот, на крајот, ќе изнесуваат нешто над 500 милиони фунти, бројка што е незамислива за многу европски гиганти.

Да додадеме дека „црвените ѓаволи“ не ја отворија новата сезона во Премиер лигата на најдобар начин, со оглед на тоа што во првото коло беа поразени на гостувањето кај Хал Сити (2:0), потоа славеа со 5:2 над Ипсвиќ и одиграа 2:2 на гостувањето кај Евертон.

ИЗДВОЕНИ