четврток, јуни 25, 2026
Дома СКОПСКА Напредува доградбата на „Ацо Шопов“

Напредува доградбата на „Ацо Шопов“

17

Со одлична динамика напредува надградбата на основното училиште  „Ацо  Шопов“. Од Општина Бутел информираат дека во заедничка соработка со Министерството за образование и наука биле надминати проблемите со кои се соочиле при изведба на новата надградба на училиштето.

-Новиот објект ќе содржи нови четири училници, со модерен хол, тоалети и сите други неопходни простории. Оваа надградба ќе биде уште еден симбол за посветеноста на нашата општина за обезбедување на најдобри услови за нашите деца. Ваквите капитални инвестиции се приоритетни и со тоа се исполнуваат ветувањата пред граѓаните на нашата општина – потенцираат од локалната самоуправа.

 

 

ИЗДВОЕНИ