Бројот на жртви од силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија се искачи на 38, при што две лица се тешко повредени и 11 полесно повредени, а спасувачите ги пребаруваат урнатините на зградите за преживеани, соопштија локалните власти.
Како што изјави на прес-конференција шефот на Националната агенција за управување со катастрофи, Сухарјанто, 2.000 луѓе се евакуирани по сопствена иницијатива, пренесува BFM.
Потресите, прекините на електричната енергија и широкото разорување ги попречуваат напорите за спасување, јавува France 24.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави на платформата X дека нејзините мисли се со жртвите од „разорниот“ земјотрес.
„Од солидарност до акција, Европа е подготвена да го распореди Коперникус, нашите очи во небото, за да ги поддржи напорите за пребарување и спасување. Индонезија, со тебе сме.“
Коперникус е програма на Европската Унија за набљудување на Земјата и редовно ги следи природните катастрофи и промените во животната средина низ целиот свет, објавува SkyNews.












