сабота, ноември 14, 2026
Дома СКОПСКА Ѓорѓиевски вечерва информира за инцидент со запалени контејнери низ градот: Барам итна...

Ѓорѓиевски вечерва информира за инцидент со запалени контејнери низ градот: Барам итна реакција од МВР, Скопје нема да биде заложник на вандали

0
Фото:фб

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека вечерва се запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“ и побара итна реакција од Министерството за внатрешни работи.

Тој ги повика надлежните да ги проверат снимките од системот „Безбеден град“ да ги пронајдат сторителите и да утврдат дали палењата се организирани и политички мотивирани.

Ѓорѓиевски наведе дека во услови кога се набавени 3.300 нови контејнери и со тоа е решен проблемот со сметот, очигледно е дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот.

>Тој истакна дека ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари.

ИЗДВОЕНИ