сабота, август 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век

75

Таквата комуникација прилега на минатиот век, коментар е кој денеска го даде македонскиот премиер Христијан Мицкоски за неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ за присуството на Српската православна црква во Македонија. Мицкоски не сакаше поопширно да го коментира ставот на Ваучиќ дека „СПЦ е иста во Скопје и во другите градови низ светот“.

-За мене лично МПЦ-ОА Јустинијана Прима е нешто кое е најсветол дел од македонскиот православен идентитет. Се разбира, ние имаме и Македонци кои се од друга вероисповед, но како столб на македонскиот идентитет МПЦ е нешто над се, за мене како човек. Таков тип на изјава ниту имам намера да коментирам ниту би сакал да навлегувам во каква било дневна комуникација со изблици на нешто кое повеќе прилега на минатиот век, а не на 21 век – изјави денеска Мицкоски за време на престојот во скопската општина Кисела Вода.

Реакција имаше и МПЦ-ОА која соопшти дека таа е црква која ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани „на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност“. (Б.Ѓ.)

 

ИЗДВОЕНИ