Европа би била побезбедна без НАТО, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Да не постоеше НАТО – или, поточно, да не ја продолжеше улогата што ја имаше – безбедноста во Европа веројатно ќе беше многу поголема“, оцени Захарова.
Таа истакна дека НАТО е организација која, слично на забоболка, го „ослабела имунолошкиот систем на Европа – нејзините западни и централни делови, па дури и на целиот свет – барајќи и исцрпувајќи огромни ресурси за реактивни мерки“.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно изјави дека нема потреба да се разговара со Русија за прашања поврзани со европската безбедносна архитектура, пренесува ДПА.
Европските лидери неодамна, на самитот во Даблин, го отфрлија предлогот од Москва.












