петок, ноември 13, 2026
Дома СПОРТ Македонија повторно поразена, но по 844 минути постигна гол!

Македонија повторно поразена, но по 844 минути постигна гол!

0
epa13279331 Bojan Ilievski of North Macedonia (L) and Andy Robertson of Scotland (R) in action during the UEFA Nations League match between North Macedonia and Scotland in Skopje, North Macedonia, 03 October 2026. EPA/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија го загуби и препоследниот натпревар од најновото издание на Лигата на нации. За разлика од претходните натпревари, избраниците на Гоце Седлоски одиграа за нијанса похрабро, но дуелот во Глазгов заврши со минимален триумф на Шкотска од 2:1.

Домаќинот дојде до посакуваните три бода со двата погодока на фудбалерот на Астон Вила, Мекгини, а почесниот погодок за „црвено-жолтите“ беше дело на Растодер.

Македонија и после пет одиграни натпревари нема освоено ниту еден бод, но по 844 минути е ставен крај на серијата без постигнат погодок.

ИЗДВОЕНИ