четврток, јуни 11, 2026
Дома СКОПСКА Најголемиот 3х3 турнир во светот – „Ред бул халф корт“ во паркот...

Најголемиот 3х3 турнир во светот – „Ред бул халф корт“ во паркот „Авионче“

35

Општина Аеродром, викендов, ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3×3 турнир во светот – „Ред бул халф корт“ во паркот „Авионче“, што по четврти пат се одржува во Скопје.

В сабота и недела, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат дел од светското финале на Филипини.

Настанот ќе се одржи на целосно обновениот терен во паркот „Авионче“, кој доби нов и модерен изглед, дополнително збогатувајќи го едно од најпосетените спортски катчиња во Општина Аеродром.

Покрај возбудливите натпревари, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во настапот на светски познатиот Грабо Дункс, четирикратен ФИБА-шампион во забивање, кој ќе приреди атрактивно шоу за сите љубители на кошарката.

– Со одлична спортска програма, музика и богата атмосфера, „Ред бул халф корт“ уште еднаш ќе го претвори Аеродром во центар на баскетот и на спортските возбудувања – соопштија од Општина Аеродром.

Притоа, ги поканија сите љубители на спортот да бидат дел од овој уникатен настан и да уживаат во незаборавен кошаркарски викенд во паркот „Авионче“.

 

ИЗДВОЕНИ