Пред стартот на Светското првенство во САД, Мекиско и Канада, ФИФА потврди значајна промена на правилата поврзани со групната фаза од натпреварувањето. За прв пат по 20 години, резултатот од меѓусебните натпревари повторно ќе биде главен критериум за одредување на пласманот во групата во случај две или повеќе екипи да имаат ист број бодови. Правилото со тоа се враќа на системот што последен пат се користеше на Светското првенство во Германија во 2006 година.
Оваа одлука значи дека гол-разликата, која имаше предност на последните четири Светски првенства, сега станува секундарен критериум. Поточно, ако две национални екипи го завршат натпреварувањето со ист број бодови, нивното пласман ќе биде одредено според исходот од нивниот меѓусебен натпревар. Само ако и тој натпревар заврши нерешено, ќе бидат земени предвид следните параметри, вклучително и вкупната гол-разлика.
Сепак, важно е да се истакне дека ништо нема да се промени за рангирањето на третопласираните екипи, со оглед на тоа што нема да имаат можност да играат меѓусебно. При рангирање на екипите што завршиле на третото место во своите групи, гол-разликата останува првиот и најважен критериум за одредување на нивниот конечен пласман.












