четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Наградени најактивните читателки во Делчево

Наградени најактивните читателки во Делчево

28

По повод Меѓународен ден на жената, 8 Март, библиотеката „Илинден“ во Делчево, традиционално, ги награди своите најактивни читателки, одбележувајќи ја улогата на жените во промоцијата на културата на читање.

Во рамките на годинашното одбележување, библиотеката избра три редовни читателки, кои ѝ беа гости на установата и добија симболични подароци – цвеќе и книга. Наградени се Марија Илиевска, Тања Лазаревска и Роза Дамјановска.

Од библиотеката изразија надеж дека наградените читателки и понатаму ќе останат редовни посетители и пример за љубовта кон читањето, потенцирајќи дека книгата има посебна моќ да инспирира и да поттикнува личен развој.

– Жената што чита никогаш не старее, таа постојано расте – порачуваат од библиотеката, истакнувајќи ја важноста на читањето како навика што ги збогатува личноста и општеството. 

Како што информираа од библиотеката, жените и понатаму доминираат меѓу членството.

 

ИЗДВОЕНИ