четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен насилникот кој пукал со пиштол во домот и им се заканувал...

Уапсен насилникот кој пукал со пиштол во домот и им се заканувал на сопругата и ќерките

38

Полицијата го уапси Б.С. (55) од Скопје, поради сомневање дека пукал со пиштол кон својата 48-годишна сопруга и се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, при што физички ја нападнал 24-годишната ќерка.

Инцидентот се случил по претходна расправија во домот во скопската населба Кисела Вода, а насилното однесување продолжило и неколку дена подоцна, кога повторно се заканувал со оружје кон сопругата, но бил спречен од ќерките.

Б.С. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ