четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Нафтата „полуде“, барел се продава за 105 долари

Нафтата „полуде“, барел се продава за 105 долари

37

Ескалацијата на конфликтот и прекините во снабдувањето со енергенси ги туркаат цените на нафтата нагоре и создаваат нов притисок врз светската економија. Суровата нафта Брент достигна цена од речиси 105 долари за барел, што претставува пораст од повеќе од 40 проценти од почетокот на војната во Иран.

Цената на барел брент, кој важи за меѓународен стандард, порасна за 1,6 проценти и изнесува 104,73 долари, пренесува AП.

Паралелно со тоа, американската референтна сурова нафта порасна за еден процент и се тргува по цена од 99,68 долари за барел, што претставува пораст од речиси 50 проценти од почетокот на војната.

Во петокот, загубите на Волстрит се продлабочија, бидејќи војната повторно ги крена цените над 100 долари за барел, зголемувајќи го инфлаторниот притисок врз глобалната економија, наведува АП.

За нешто повеќе од една недела од затворањето на Ормускиот Теснец, повеќе од 12 милиони барели еквивалент на нафта дневно се исклучени од употреба, според податоците на независната истражувачка компанија „Rystad Energy“.

Доколку продолжи војната да ги попречува производството и транспортот на нафта од Персискиот Залив, тоа би можело да предизвика штетен пораст на инфлацијата, оценува АП и додава дека најновиот извештај на Универзитетот во Мичиген покажал дека паднало расположението на потрошувачите на најниско ниво во текот на годината, бидејќи пораснале цените на бензинот од почетокот на војната во Иран.

Кога станува збор за другите трговски активности утрово, падна вредноста на американскиот долар во однос на јапонскиот јен, додека зајакна еврото во однос на доларот.

ИЗДВОЕНИ