Заработува и преку 15.000 евра! Не само што одлично пее туку и изгледа одлично. Вистинска музичка секс-бомба, атрактивно македонско девојче! Дека е згодна и дека мајка природа речиси се ѝ подарила, Надица тоа го докажува и преку фотографиите кои со задоволство ги објавува. И тоа, ќе се сложите со нас, само за машки очи
Откако настапи во популарното балканско ТВ-шоу „Ѕвездите на Гранд“, вратата на популарноста на нашата пејачка Надица-Наде Адемов ширум ѝ се отвори. Од тој момент, таа престанала да работи на тезгите по пазарите, најчесто во Шутка, зашто многу бргу стана една од најбараните на естрадата, со неброено многу естрадни тезги, од кои заработува неспоредливо повеќе пари од времето додека продавала гаќи, градници, маици, чорапи, тренeрки…
Така, згодната Надица сега важи за една од најплатените пејачки. Не само во родната Македонија туку и на српската естрада, особено кога дефинитивно замина да живее и да работи во Белград. Стана дел од српскиот шоу-бизнис во кој е широко прифатена.
Дури и неофицијално е прогласена за кралица на ромските свадби и ромските веселби. Јавна тајна е дека на тие забави се вртат огромни пари. На пејачите често им се случува заработениот бакшиш да мораат да го носат со себе, во вреќи.
Не само што одлично пее, туку таа и одлично изгледа. Вистинска музичка секс-бомба, вистинско македонско девојче! Дека е згодна и дека мајката природа речиси се ѝ подарила, Надица го докажува и преку фотографиите кои со задоволство ги објавува. И тоа, ќе се сложите со нас, само за машки очи. Нема љубоморно момче (неодамна е во врска и со богат бизнисмен од Германија), туку тој е горд на својата љубовна врска со популарната пејачка. По Нова година беа заедно на двонеделно егзотично летување во Дубаи, од каде што, за среќа, се вратија навреме, пред почетокот на војната на Блискиот Исток.
Но, Надица не била секогаш толку финансиски богата. Денес, кога е во состојба да си купи речиси сè што ќе посака, пејачката не крие дека она по што со години сонувала е сопствен покрив над главата. Така, Надица неодамна се почести со многу луксузен стан од 185 квадратни метри. И тоа не каде било, туку во луксузната населба “Белград на вода“. Станот е целосно опремен со најмодерниот мебел и со последниот збор на техниката. На пример, ако не е дома, Надица може по пат на мобилна апликација да ја пушти машината за алишта да пере, а може и на истиот начин да го регулира и загревањето на станот, да го вклучи бојлерот да ја стопли водата. Или кафето во автоматот за кафе да ѝ се свари на неколку минути пред таа да дојде во станот.
За целиот овој луксуз со поглед „од милион долари“, Надица наводно платила преку 850.000 евра. Веруваме дека е толку, бидејќи недвижностите во тој дел од Белград на вода, се дури и многу поскапи. А, и зошто да не купи, кога нашите извори велат дека Надица, за само една вечер пеење, е во состојба да заработи и преку 15 илјади евра. Па, соберете и помножете, ќе видите дека оваа згодна и музикално талентирана Македонка со право ја сметаат за најбогата на естрадата во овој момент. И нека е, бидејќи сите се согласни со тоа дека тие пари секогаш чесно си ги заработува. Алал, вера Наде! Нека ти се множат.
(Д. М.) / фото:архива „Инстаграм“ – ФБ












