среда, октомври 28, 2026
Дома СКОПСКА Продолжува најголемата еко-акција во Скопје досега

Продолжува најголемата еко-акција во Скопје досега

59

Денеска, во 10:00 часот, продолжуванајголемата еко-акција во Скопје досега.

Илјадници волонтери, во сите скопски општини, повторно ќе се обединат за почист, поубав и поздрав град. На повеќе од 50 локации ќе се чистат паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите.

-Ќе бидеме таму каде што секојдневно се одвива животот, каде што се среќаваме со соседите, каде што ги носиме децата на прошетка, каде што сакаме да седнеме и да уживаме во своето маало. Со нас ќе бидат општините и градоначалниците, учениците, волонтерите и со граѓаните од сите генерации и професии – најави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Тој ги повика сите, за да како што кажа се претвори желбата за поубаво Скопје во заедничка работа што ќе се гледа во секое маало.

За точните локации и начинот на приклучување, секој може да добие информации во својата општина.

-Како институции, имаме обврска да обезбедиме ред и редовно одржување на чистотата. Како граѓани, сите имаме одговорност да го чуваме својот град. А секој што несовесно фрла отпад и создава депонии мора да понесе одговорност за своите постапки. Нечија неодговорност не смее да го поништува трудот на илјадници луѓе – дециден е првиот ќовек на Град Скопје.

 

ИЗДВОЕНИ