Пред зградата во која живееше! На денот кога Владимир Блажев-Панчо од добро познатото дуо „ДНК“, ќе го прославеше својот 47. роденден, неговите најблиски – соседите, пријателите и бројните обожаватели му оддадоа искрена почит со откривање мурал кој е со неговиот лик. Се наоѓа пред зградата во која живееше, во скопската населба Аеродром. Тие испратија куса, но емотивна порака.
„Среќен роденден, стари. Фалиш…“
Маалската дружба помина многу чувствително, дури и со солзи кои сами по себе кажуваа колку народот го сакаше овој музичар, а кој почина од последиците од пожарот во Кочани. Навистина голем број граѓани се собраа за да се потсетат на заедничките моменти со Панчо. Откривањето на муралот беше проследено со неговите песни кои луѓето и понатаму си ги сакаат.
Издавачката куќа „Шур шотц“, чиј соосновач беше Панчо, сподели фотографии од настанот и порача дека се надева дека ова собирање ќе прерасне во традиција. – На роденденот на Панчо, се прикажа мурал со неговиот лик… преку маалска дружба и музика, се потсетивме на него и на убавите заеднички моменти. Им благодарам на сите од Аеродром за иницијативата и за изработката на муралот. Се надеваме дека ова собирање ќе премине во традиција. Засекогаш!



![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)








