Владата нема да дозволи изградба на дата-центри доколку тие претставуваат закана за животната средина, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, откако во јавноста се отвори дебата околу најавените инвестиции во овој сектор. Тој уверува дека економскиот и технолошкиот развој нема да се реализираат на сметка на природата и дека секој проект ќе мора да ги исполни сите еколошки стандарди.
Изјавите доаѓаат откако Владата ја отвори темата за изградба на големи дата-центри во земјава, како дел од стратегијата за развој на дигиталната економија. Според најавите, овие капацитети треба да придонесат за развојот на вештачката интелигенција, дигиталните услуги и привлекувањето нови странски инвестиции, но во исто време отворија и прашања за нивното влијание врз природните ресурси, потрошувачката на електрична енергија и животната средина.
Министерот Андоновски нагласи дека во ниту еден момент нема да биде дозволено уништување на природата за реализација на инвестиции.
– Во ниеден момент нема да ја компромитираме животната средина со каква било инвестиција во државата. Секоја градба мора да помине елаборат за животна средина, особено кога станува збор за странски инвестиции и нема да дозволиме да имаме каков било негативен ефект врз животната средина – изјави Андоновски.
Тој посочи дека институциите веќе разговараат со експерти од повеќе области за можните локации и техничките решенија, со цел изградбата на дата-центрите да не предизвика негативни последици.
– Во консултација со сите релевантни експерти од ИТ, машинство и индустрија, нема човек што зборува против изградба на центар за податоци. Прашањето е големината и соодветно како тоа ќе има влијание на животната средина, но нема да направиме ниеден чекор што ќе значи злоупотреба на животната средина или, добивајќи бенефиции од центарот за податоци, да ги загрозуваме водата, животната средина и воздухот – нагласи министерот.
Осврнувајќи се на критиките што се појавија во јавноста, Андоновски оцени дека дел од нив се засноваат на дезинформации и шпекулации.
– Мислам дека тоа беа глуви, назадни зборови и желби на одредени поединци да создадат еден вид лажна хистерија – рече тој.
Според него, една од опциите што се разгледуваат е дата-центрите да бидат изградени во технолошко-индустриските развојни зони, каде што веќе постои развиена инфраструктура и индустриски капацитети. На тој начин, смета министерот, ќе се избегне зафаќање на нови зелени површини и ќе се намали влијанието врз природната средина.
Паралелно со плановите за привлекување странски инвестиции, Министерството за дигитална трансформација ја заврши и физибилити студијата за изградба на Национален дата-центар. Според надлежните, станува збор за стратешки проект кој треба да биде основа за државниот облак, дигиталните јавни услуги и зајакнување на сајбер безбедноста.
Стручната јавност предупредува дека дата-центрите се меѓу најголемите потрошувачи на електрична енергија во светот.



![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)








