Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја очекува клучен натпревар против Швајцарија на Светското првенство, а пред дуелот се огласи човекот кој веќе влезе во историјата на босанскиот фудбал, Јово Лукиќ.

Напаѓачот беше стрелец во ремито против Канада и порача дека „Змејовите“ мора да бидат максимално концентрирани ако сакаат да останат во трката за место во нокаут фазата.

-Мораме сериозно да пристапиме кон натпреварот и да се обидеме да победиме. Свесни сме за квалитетот на Швајцарија, но и ние имаме свои адути, изјави Лукиќ.

Тој призна дека сè уште не може целосно да ги среди впечатоците по историскиот погодок што го постигна против Канада.

  • Сè уште ми изгледа како сон. Отсекогаш сонував да играм на Светско првенство, а сега постигнав и гол за мојата земја. Што се однесува до мене, би можел да умрам утре, емотивно порача босанскиот напаѓач.

Лукиќ откри и интересна анегдота, велејќи дека дури по натпреварот дознал за историското значење на својот погодок, откако соиграчите му кажале за рекордот што го поставил.

Голот му донесе голема популарност во Босна и Херцеговина, но тој се обидува да остане цврсто на земја.

  • Сопругата ми вели дека можам да скокнам од фрижидер колку сум популарен во моментов. Искрено, не следам многу медиуми затоа што не сакам дополнителен притисок, рече Лукиќ.

На крајот, тој им се заблагодари на навивачите за огромната поддршка и порача дека се надева оти повторно ќе ги израдува на најголемата светска сцена.

Сега сите погледи се насочени кон дуелот со Швајцарија, натпревар кој може да ја одреди судбината на Босна и Херцеговина на Светското првенство.

ИЗДВОЕНИ