Единаесет студентки од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје се претставија вечерва, 29 март“, со модната ревија под наслов „Еклиптика“во рамките на 32. издание на Моден викенд Скопје, презентирајќи креации работени во рамки на наставните активности.
Креациите се создадени под менторство на проф. д-р Гордана Вренцоска и проф. м-р Александар Рашковиќ, а во соработка со м-р Александар Чавкароски и Гордана Божиновска.
Со свои креации, пред присутната публика, се претставија Марија Роглева, Надица Николова, Симона Костадиновска, Рената Илиева, Ангела Трифуновска, Ивона Мицановска, Благица Николова, Анастасија Бојковска, Леона Давидовска, Ларита Василова и Анастасија Чадо.
Колекцијата е наменета за современата жена која не се плаши да ја покаже својата автентичност, жена која е постојано во движење, свртена кон иднината, но длабоко предана на својот културен идентитет, со тивка почит кон традицијата и облеката на нашите предци, но и со гласност против неправдите и желба за рамноправно место под сонцето.
Фото: Ѕ.Плавевски

























